Неговите експериментални техники и присвојувањето на ортодоксните медии сега се општи места, и никој не се буни премногу ако уметничкото дело е сирово или измешано, сѐ додека уметнковата мотивација е силна и неговата сериозност не се доведува во прашање. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 234
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За да добиеме целосна слика за тоа како Риверс се вклопува во развојот на современата уметност, неопходно е да го истражиме не само неговиот живот туку и мислењата формирани и објавувани од коментаторите и анализаторите - и тоа како оние што го поддржуваат, така и оние што го омаловажуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Уметноста што е навредувачка, конфронтирачка и брутална, се појави во ерата на бунтот против студенилото на формалистите, и во таквата атмосфера Риверс се вклопува совршено, ако не и пророчки.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во овој век интерпретативните текстови за уметниците и нивната уметност достигнаа беспримерен степен на влијание, делумно поради својот обем и разновидност; а јавното мислење честопати е моделирано барем исто толку од објавените критики колку и од директното восприемање и доживување на делата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)