Иако постојано бевме заедно во работниот дел на денот и сосема сами во неговиот стан, по завршувањето на службените обврски (доцна попладне или навечер си одев дома, кај син ми Ѓоко, и ниедна ноќ не отсуствував од дома) ретко легнувавме, а кога ќе легневме работата си ја свршуваше како службеник со однапред зацртан план.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Инаку не знам кое време е. Дали е зима или лето, напладне или навечер.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)