Благодарејќи им на својот број и на комуникацијата, неговите дела прават еден симетричен објект, еден тип на систем кој во себе е потполн или непрекинато таков настанува.” Paul Valery (Увод во методата на Leonardo da Vinci) Овој збиен опис, exergue, веднаш ќе го земеме во неговото вистинско значење, како ex ergon (hors dќouvre), како токму онаа легенда што би требало да се впише околу профилот на Marcel Duchamp на медал, онаков како што тој самиот го нацрта, или, поточно, го исече (1), за од него да направи подарок за своите пријатели, своевиден ex voto, или пак онаков каков што сакаше да биде прикажан, не без одредено нарцистичко самозадоволство, на сопствената фотографија снимена од Alfred Stieglitz (2), или на гравурата на еден Joseph Stella.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)