Токму поради оваа необична сличност помеѓу „врвното доживување“, кое се јавува спонтано, ретко или никогаш во животот, и психоделичното доживување, кое може по желба да се повика со помош на дрогите, ова последното е толку привлечно за многу личности наклонети кон поезија, музика, сликарство, филозофија и религија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мошне е важно, особено ако се земе предвид општо прифатениот став на еден дел од младата публика којашто има позитивен однос кон марихуаната, иако ретко или никогаш не ја користи, дека марихуаната е во тесна врска со многумина најдобри поп музичари, вклучувајќи ги и Beatles и Rolling Stones.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во амстердамските вертепи сѐ може да се сретне, луѓе од сите континенти, но ретко или никогаш, Холанѓани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Веле се плаши да не заврши пак ѕидарската сезона, и тој пак да не успее да стане мајстор. (“Вечерва или никогаш!“ - се штрекна Веле.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Размислува, бара. Напнато, конвулзно. Знае: сега или никогаш.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
МИХАЈЛО: Мајко. Ова цел живот ни го кажуваш. Или никогаш ништо не си ни носела или редно е некој да ги потепа бесните кучиња кои секогаш, баш тука блиску, пред прагот, се ни претураат, во јазот, во кал. (Пауза)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Станете едно со непријателот, разберете го, или никогаш нема да можете да го пронајдете излезот од лавиринтот... (...) � Т.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сега или никогаш – си помисли калуѓерот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сега или никогаш! Шансата ми се виде историска.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Си имаше свој поредок во спиралата на страдањето, во која до среќата се стигнуваше или никогаш не стигнуваше. се восхитував, но за жал кога повеќе ја немаше на нејзиното херојство да ја одржи надежта на нашите животи и во најтрагичните мигови на егзистенцијата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја зела секирата и си рекла – сега или никогаш, и замавнала со секирата, но лулката што била врзана на ѕидот ѝ се испречила, запнала секирата на јажето, па падот се ублажил и секирата само му ја скршила вилицата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)