Она што кај мене создаваше посебен интерес како рецептор на кино изразот беа проекциите на филмовите во саботите со почеток во 11 часот. (Не можам да се сетам дали кино сигналот се еманираше пред почетокот или после завршувањето на Младинската емисијата на првата програма на Радио Скопје „Црвени каранфили“.) Таквите кино сеанси беа во надлежност на младинските организации.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Затоа викнала по Тодија да ја дотера колата и сите заедно, лека полека помагајќи си со штрангите што си ги понесоа од дома, ја натовариле бомбата на кола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Може да не ја погодам, рекла, веќе стара сум, а со стрелањето во капсат може само ќе ја предизвикам за кога ќе ја креваме, или после некогаш, ако ја оставиме овдека, сама од себе да пукне и да убие некого.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)