Клинците ги отфрлаа обичаите и облеката заради кои изгледаа како нивните родители и одненадеж сѐ се промени - татковците и мајките се обидуваа да изгледаат како нивните деца.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Момчињата од Америка го копираа кокни-стилот за да смуваат некоја девојка, а штом ќе наидеа на некој вистински Лондонец, се обидуваа да го натераат да им раскажува што подолго, без разлика што тој раскажува, само за потоа да можат подобро да му го копираат говорот. (...) Работа која отсекогаш сум ја сакал беше да ги слушам луѓето што зборуваат еден за друг - на тој начин ќе научиш колку за оној што се зборува, толку и за оној кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сурово природни
затекнати во немајкаде
онемени, од вџашеност побелени
можеби од премногу
живот и дарба
можеби од премногу набожност, паганска
или премногу смрт, нагла, неправедна
само се наѕираат - маргина до маргина
диск до диск за вчитување на изгубеното
аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете...
алфа, бета, гама, делта...
алеф, бет, гимал, далет...
сличности на претек
претци
а, наоколу
по којзнае кој пат преродена
исчезнатата флора
риган, рик, реа
ни смртта не е вечна,
ни смртта!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ќе удри куршумот, премногу доцна, или премногу рано.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Боже, или е колнат, или премногу железо има во коските што по него оди громот, велеа луѓето и чинеа сè за да го спасат: пак го запретуваа во земја, во песок, во вода го ставаа за да му излезе електрицитетот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За да ја следат модата, фризерите правеа или премногу кратки или премногу долги фризури, а што се однесува до шминката, со липстикот беше свршено, а прва нова работа беше шминката со виножито-бои, бои на бисер, златен-блескав во ноќта.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се случуваше, тогаш, како по некое чудо, сè нешто му го одвлекуваше вниманието: преголеми обврски со работата, службени патувања или премногу сончеви денови, создадени за уживање во природа.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)