Геј-критичарите можат да пекаат по наводниот хетеросексизам на класичниот мјузикл, но овие претстави нудеа раскошен свет во кој желбата можеше да тргне во разни насоки и тие можеа истовремено да се читаат на навидум спротивни начини. (10, 47, 246, 282)
Бродвејскиот мјузикл е „најнелогичната од сите уметнички форми“, според Клам (xii) – токму како што операта е најелектризирачката.127 Музичкиот театар е „најнастраната од сите уметнички форми, онаа во која родот е најјасно изведба што може да се експлодира или радикално да се измени, тој е формата во која на сѐ може да се гледа како на дрег.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во своите размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)