Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Или таму, кај шо си бил сургун, случајно да не ти го променија умот, а?!!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Историјата, мој Камилски, нема единствен правец на одвивање, таа никогаш не се насочува како што сакаат победниците или таму каде што се носат поразените.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Има едно црно перичиште што го носи цел филм и добива перитонит и мажена е за Џозеф Котен или таму нешто...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали сега кога ти падна тешко го виде, вели, или таму некаде? - Таму, вели Јон, кај што бев.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гроф Нула започнува седум години подоцна, и слично како во поемата на Јејтс, овој вид на Божја-свесност сега е фрагментирана.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И како што му кажа на Кејс, еден вид факт е дека е пронајдена уште една од овој вид, на Алфа Centuri или таму некаде; така таа има некого со кого може да разговара.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
XVIII. Им забрануваме на сите наши поданици, без оглед на нивната положба или професија, со сила или заведување против волјата на родителите да ги одведат децата од оваа вера и да ги крстат или да ги потврдат во католичка, апостолска или римска Црква; подеднакво важи и за припадниците на споменатата Црква, што се прогласува за реформирана, за сите се предвидени егземпларни казни. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Веќе не е можно да се држи сѐ заедно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
XXII. Наредуваме да нема никаква разлика во однос на споменатата вера при примањето студенти на универзитетите, гимназиите или училиштата, како и при примањето болни во јавните болници, во болниците за лепрозни и во јавните милостини. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
VI. И да не оставиме никаква можност за немир и спорови меѓу нашите поданици, дозволивме и дозволуваме на сите припадници на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, и инаку се однесуваат според она што е запишано во оваа одредба, да живеат и да бидат настанети во сите места и краишта на нашето кралство и земјите што ни се покорни, без да бидат малтретирани, навредувани или да бидат присилени да сторат какво и да е верско дејание спротивно на своето убедување, ниту да бидат заради тоа барани во својот дом или таму каде што сакаат да живеат. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)