А бидејќи патетичното страдање со кое се гордее од самиот почеток е осудено да мине во очите на повластениот и невнесен гледач како „изнасилено“, како претерано или театрално, мелодрамата нема што да ја плаши впечатокот дека емоциите што ги поставува не се сосема автентични, дека не се чувствуваат толку колку што се изведуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Речиси неизбежно има некој елемент на претераност или неавтентичност, па дури и на травестија во искажувањето на која било велика страст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од трагедијата, мелодрамата не мора да си ги правда екстравагантностите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е никакво чудо што геј-мажите ги бие глас дека се склони кон мелодраматичност во своите стилови на емоционално изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа одбива да ги отфрли како несериозни патетичните видови на страдањето – како преувеличени, фантастични, страсни или наивни, да се послужам со речникот на Зонтаг – кои не можат да дораснат до степенот на трагедија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, дури и за хетеросексуалците, дури и надвор од мелодраматичниот свет на семејството, има нешто незгодно или театрално или срамно во задачата да се пренесе нанадвор она што се чувствува внатре.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А некој таков напор може да им биде крајно нужен на геј-мажите, кои немаат на располагање готови општествени форми за да си ги искажат чувствата и на кои, затоа, секое искажување емоција мора да им се раководи според некоја постојна, хетеронормативна општествена норма или некој таков жанр, на кој нивното искажување може да му биде само имитација или пародија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со тоа ги повикуваме оние што би сакале да се удостојат на наша сметка да нѐ обвинат дека уживаме во кич.
Ако мелодрамата си ја навлекува етикетата „кич“, тоа е затоа што доброволно тргува со сентименталноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)