Бојс, или поточно неговото име, им дозволи на многумина млади уметници да создадат крајно прецизна артикулација на етичките и естетските проблеми со кои се соочува руската свест денес.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кој е Јозеф Бојс за вас? Harald Szeemann: Јас сум роден во 30-тите; Бојс во 1921.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Почитта што еден ваков проект ја буди и неговото значење весело преминуваат од технолошки проблем кон иделошко достоинство. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 87
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По мое, вели, најдобро е ако тргниме одовде в сабота зараното, па таму некаде пред Прилеп или точно во Прилеп да нè изгрее сонце.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Постои една секвенца во првиот дел на Маус во која татко ми ми вели, или поточно, Владек му вели на Арт дека се криел во приземјето со Ања додека стаорци цивкале наоколу.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Впрочем, кога се работи за времето, се чини дека не постои ниту еден доволно прецизен исказ во јазикот, со кој строго би се дефинирале границите на различните индивидуални временски моменти. = моменти и инструменти = До XX век или поточно до појавата на Ајнштајн и неговата Општа теорија на релативитетот, со која се утврдува праволиниското време како конститут на космосот и на човековото битие воопшто, сите мерни инструменти за времето имаа кружна форма: почнувајќи од римските солариуми, преку песочните часовници кои се вртеа околу својата оска и завршувајќи со прочуените јајца-часовници на Фаберже (јајце: форма со неверојатно богати митолошки асоцијации).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Драга моја внучке, Знам дека не ќе можам да имам прилика да ти се извинам, да барам прошка за она што ти го сторив, или поточно прошка за она што не го сторив.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Македонската концепција за државно и национално репрезентативна main-stream култура, било таа да е државно- демократска или национално- либерална, со таа аисториска замена на политичкото со културното, или поточно: замената на реалното со имагинарното го чува македонскиот национален корпус од вистинската внатрешна политичка диференцијација и на подолг рок ги оневозможува шансите за Brad Holland демократизација и модернизација на македонското општество.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
И таму, по илегален пат, била завршена голема работа или точно таква каква што сакал натрапникот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А, јас, кога сум добро расположена и ако сме во пријателски односи, баш сум му добра сестра. Или поточно- најдобра.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Си мислев така и многу се разжалостив што е далеку од мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа укажувало дека е на мајка си.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Огнена Гулева се обидува на Ристе декоратерот да му разјасни дека не знаела оти синот е толку горделив, непристапен, или поточно повлечен во себе.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си ги држевме рацете – некогаш се држевме така, и зад живоста на телото чувствувавме мекост на душа, потоа зад живоста на телото не чувствувавме ништо, а сега, преплетени со телата кои предвреме навестуваа старост, одново беа присутни нашите души, иако изладени, иако кршливи наместо меки, но сепак ги чувствувавме тие нејасни потреперувања на душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седнавме на креветот. Ми кажа дека од сѐ што му оставиле оние кои го посвоиле, му останал само виенскиот дом на улицата Шонлатерн, сѐ друго отишло на пиење и коцка, или поточно, сѐ друго отишло на коцка додека пиел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Изгледа дека сепак е поумесно наместо на науката да му се препуштаме на причинувањето иако сум свесна дека станува збор за некоја непозната патека на прелагата по која немам сили да зачекорам?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не сакам поради науката да се чувствувам збунета. Или поточно - изненадена.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Велиш, сѐ уште науката не втасала сите тие нешта да ги доразмрси и да ги дооткрие?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или поточно нашите постапки заскитуваат од еден кај друг и тоа во различни времиња. Нели тоа не е можно?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во двополноста на јазикот, византиски и народен
машки и женски
во прекинот со традицијата, или поточно
во губењето чувство за продолжување
на родот, стилот, ритамот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Владимир Војнович Нова сказна за голиот крал
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во некое си царство или поточно, кралство си живеше крал. Оној истиот што го опиша Ханс Кристијан Андерсен.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)