Се разбира, Раде Ич слегнуваше во Солун уште двапати или трипати пред да се случи она што требаше да се случи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Има широки, за неговите куси нозе и тесно газенце, необично долги, два или трипати подвиткани војнички панталони, цокули долги и широки како лопата, војничка блуза до над колената и капа што му се потпира на ушите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дури и подзастанав па Бушавиот ме погледна некако зачуден и праша А што се случи? Да земам воздух, реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)