како (сврз.) - со (предл.)

Го среди и исчисти секој предмет од куќата давајќи му нов сјај и живот, сврзувајќи се со него како со нешто живо и спасувајќи го од зафрленоста, заборавеноста и исчезнувањето: Масата. Столчињата. Печката. Креветот. Ковчегот. Ламбата. Часовникот. Водарникот. Ѓумот. Тепсијата. Леѓенот. Огледалото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оние што имале прилика да ги гледаат на дело, како со часови дењеноќе се бакрачат со бојата, раскажуваат дека во тие часови лудите се однесувале сосема нормално, човечки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се виде себеси со црни плетенки, како со баба ѝ игра петкаменца пред амбарот во селото, ќошето каде што се слеваа звуците од двете џамии, се сети на првиот украден поглед на Томо во соколааната, на средношколската матурска забава и себе како кралица на вечерта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледав низ прозорецот Билјана како го полни кофичето и како со ред ги полива сите дрвца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од издишката, низ подотворената рибја уста му се цедеше некоја црна леплива магла која ги нагризуваше или наразуваше, како со киселина, очите на секој кој ќе погледнеше во него, волно или неволно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Види како гордо се лелее неговата грива на ветрот, и како со смеслоста своја управува тој, не дозволува секој еден што ќе намисли, да му ги собори слободните движења!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Одекнува гласот од куполите на театарот, што се вели, како со иста уста да викаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со две пчелички на рацете, три срца како ордени и златен медал во категорија „вредна како мравка“, а со црниот појас за борбеност - не можам ни да се обесам, како со даровно ортомче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во тој миг го здогледа бикот Чако, како со спуштена глава му се приближува, покорен пред послушноста, припитомено легна првин на предните нозе, потоа ги спушти наземи и задните и веднаш заспа, папсан од скитањето низ гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)