Апсолутно нејасно е како, само една тенка линија дели целосна доверба од апсолутна недоверба, како тенка линија е граница непремостлива помеѓу денес и вчера, минатото сегашноста и иднината, како едно дело во афект сторено, останува на душата, станува небиднина.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
„Какво добро може да ти стори еден познат човек меѓу илјада непознати, ако сите освен него, се лошо расположени кон тебе?“, праша Логотетот со парабола умесна, оти ваистина, какво добро може да стори збор еден познат меѓу стотина непознати, како еден воин твој меѓу илјада непријатели?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
При крајот на патувањето, без да извлече наши, посебно мои позначајни реакции од кажаното, како еден вид заклучок рече: - Не брзајте, драги пријатели, со површни и еднострани заклучоци за да го објасните градењето бункери во нашата земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)