А една тишина легнала во ќелијата, како кога мајка ни раскажуваше приказни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И така, кога мајка му не ќе беше дома, ја носеше Злата на таванот и застануваа крај огледалото, кое, како некој маѓепсник ги поземаше и тие се губеа во него.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)