Другарот Корнулов се јави уште еднаш, овој пат со Папокот, шетаа од оган до оган, ги убедуваа луѓето дека одовде никаде поубаво не може да ни биде Гледате колку земја се шири пред вашите очи, знаете колку е богата! и дигајќи го гласот цикна другарот Папок, местејќи си ги окалките над истенчениот нос Тргнавте по еден извеан старец другари, само сте се запрашале ли каде ќе стигнете со неговиот ум?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вие се поисплашите малку, ние го окркаме копанот и тоа затоа да ни биде на двете страни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)