Сѐ е испреместено во мојата глава, сѐ постои истовремено, веќе ништо не е еднозначно, ништо цврсто, ни земјите, ни границите, ни луѓето, ни куќите...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не се знае, песната што ја прочитавте во почетокот не кажува, а ни луѓето не знаат, - но Луман сигурно имал во Брезница и друго и јатаци, зашто само по неколку дена разбрал дека Бошко се пофалил оти ќе го предаде на комитите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)