Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таквото обединување е неопходност, а не ни е нужно семејно непријателство за некакво обединување со Бугарија што никојпат не ќе биде допуштено ни од малите балкански ни од големите држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А ,жената без машка рака, не може ни од дожд, ни од сонце да се брани", велеше мајка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не видоа ни кој сме, ни од кај им дојде смртта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Всушност, така јас и моите посетители станавме една група која неополномоштено завлезе во едно многу деликатно прашање, и така јас самиот влегов во ризик за кој, сѐ додека не се случи најлошото, ни од далеку не бев свесен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ќе се одземе човекот и во раце и во нозе и не може ни да се закопча, ни да се почеша, ни од муви да се одбрани.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Идат пак лиферантите, проматарите: - Го искачиле уште десет метри топот, велат, Германците го искачиле уште десет метри, погоре, топот. Ако го искачат до врвот, ништо не ќе се види, велат, ни од вас ни од нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не кажа, вели, ни кај ќе бега, ни од кого бега, ни дали ќе може да избега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Есента беше длабоко навлезена, сонцето веќе заслабнато, западнато. Немаше ни од кај да угрее, ни што да угрее.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)