И овој пат застанувам со моите куфери среде патот... уморна но полна со љубов во мене.. и чекам..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Останаа уште лист-два. Легнав да спијам, но полната месечина и модрата светлина ме вознемируваа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)