А еднаш, кога можеше да се обѕрне, тој ја откри и целата шума околу себе, која на некаков чуден начин продолжуваше за сето време да се движи околу него, едвај осетно залелкана и во едно бавно, но постојано одминување. Најпосле се најде и себе си, сиот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаат вкупно шест заплети, но постојано ги извртуваат по малку.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бабицата проверуваше, гледаше како плодот напредува, но постојано ја мачеше помислата: што стана со оној нејзин поранешен плод; останат ли е во неа, се стопи, или можеби се работеше за лажна бременост, каква што често се случува кај жените, особено кај оние што имаат преголема желба да имаат пород, да родат, и кои обземени од тоа и од психичката напнатост - понекогаш им се присторува како да зачнале: им се јавуваат слични знаци како кај затруднета жена: болки во стомакот, во половината, гадење, повраќање, посебна желба за јадење, несоница, чувство дека мевот им расте...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)