но (сврз.) - сега (прил.)

Но сега беше во поодминати години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но сега не беше време да длаби по погрешните идеи, требаше да се најде излез за семејството, излез од гладот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На излегување луѓето, поради смалувањето на излезот, прво се веднуваа сѐ повеќе и повеќе но сега лежечки излегуваат низ вратата смалена до страга низ која едно човечко тело едвај може помешечки да се протне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ништо не ми е, така… малку ми се слоши, но сега помина… Надвор е тивко?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Но сега, кога тој и рече дека ќе гледа да ја омажи, да ја теслими на „некого од вашите" наполно се смири од тој страв и почна да си ги реди во умот сите ергенчиња од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што му е тоа, што му е, пак, сега? Живко можеше секогаш да те изненади, но сега повеќе би очекувал од него да извади од џебот шишенце тоникум за гаргара на грлото. - Не? Ни ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но сега го привлече група пилиштарци, која на дива полјанка кошкаше топка на еден гол.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа отсекогаш ги сакаше цвеќињата и се восхтуваше од нивната разновидност овде, на нивните необични форми и бои, но сега еден вид мијазма надлетуваше над ритчињата од флокси, над купчињата од маргаритки и над куполите од шипови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но сега те молиме врати нѐ пак на Земјата. Снежана ќе се разбуди и ќе нѐ бара.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се разбира, се случуваа исклучоци што тој настојуваше да ги коригира, но сега, еве, тие негови исклучоци со неверојатна педантност ги коригира грифонот: му ги потокмуваше влечките така што кога ноќе ќе стане да му бидат попринога.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Публиката збесна од смеа; некој бараше тоа да се повтори на „бис“, но јас одбив; зад завесата, ѝ реков на Луција дека е доволно, но таа инсистираше тоа да се повтори; јас велев „Не“, таа ме молеше, дури клекна на колена пред мене зад сцената и јас одеднаш реков: „Е сега навистина е доста, Луцијо; ти уживаш да ги понижуваш луѓето, но сега е навистина доста!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но сега, најважен си ти. Убаво помини си го роденденот со пријателите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но сега, новата болка ја засекуваше старата рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неверството на Рајнер го преживуваше она девојче кое на почетокот од сеќавањата кои ги нарекуваше свој живот ја имаше болката, нешто како капење крв од скриена рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше неколку години по втората средба, но сега во дворјето на еден забит манастир во кој се најдов со група писатели на пат по Романија, некаде меѓу Куртеа де Арџеш и Крајова.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но сега и за нас Македонците настапија нови околности што ќе нѐ потресат и ќе ни кажат нови патишта по коишто ќе треба да одиме во иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мнозина може ќе речат оти вистина добро е човек да се позамисли над прашањата засегнати во оваа книга, но сега уште не му е времето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговиот пријател продолжи да се поднасмевнува, но сега отвори и еден мал нотес и со левата рака (понекогаш му се чинеше дека кај ниедна друга нација нема толку левучари како кај Американците) почна нешто да запишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега татковски гледал во заспаниот еж Армодиј Д. Давидовски на чии боцки блескало сонцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина, што го влечело кон тоа место на кое пред зајдисонце наслушнувачки го фаќал во лет разговорот на возбудливата жена и на возбудениот Арсо Арнаутче, - „Те видов мртов денес кога ви донесов ракија во манастирскиот двор“.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можел да биде и трубач и знаменосец и полковник со златни ширити и ѕвезди на ракавите, можел да биде еден нов Александар Македонски или Бонапарт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сѐ друго што било кажано, - „Јас ќе го внесам него (оној Доце Срменков) подлабоко в земја.“ Но сега пред куќата се сновела сенка. Ја видел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека застануваше да здивне и да ухне по неколку пати во своите црвени раце, сеќаваше како сѐ уште го проследува онаа парталава прилика на мршарот по него, но сега веќе не мислеше толку лошо за тој ранет волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никако не може да привикне на коњакот, но сега го пие, обидувајќи се да му даде на лицето израз, онаков, задоволен, како да овој напиток му е најомилен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А кога не се најде трага ни од Хаџи Ташку со дружината, ниту, пак, од некои други ајдути, ко се дораздени убаво (небото изгреа ведро и дури и повцрвено од сношти, но сега на другата, на источната страна; и што удри една цибрина, срцето на човека да му распукне во градите) сите одново се собраа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беа свесни дека делата биле пишувани во текот на некогашната борба и јунаштво за поттик и пример, но сега тоа не можеше да важи за сегашните, а уште повеќе за идните генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги подава незимерно долгите раце и не се чуди што низ неговите прсти исктекуваат безбојни и потоа портокалови млазови за да израснат под него во самите себе но сега кунатките се долги и безбојни а птиците имаат портокалови глави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По завршувањето на првиот став од Моцарт, квартетот продолжи да свири но сега полежерна музика: француски мелодии, валцери, песни, германски и американски фокстрот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се вратија да ги слушаат стрико си и брачедот, но сега сите пееја. Ја пееја „Спаикчето војник ќе оди“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но сега тука и таму можеше да се случи да минува низ салите и, вон правилата, да нѐ потпраша никого за нешто, за зачестеноста на кашлањето, на пример, или за температурата на цревото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Господине професоре!“ „Да, се разбира, но сега одиме понатаму, пациентите чекаат, денес имаме барем уште шест случаи!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Маренецот порача едно оро, ми се чини, за да видат дали ќе се фатам до него, јас имав обичај да се фатам до ороводецот, но сега не се фатив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Всушност, сите можни начини за комуницирање со неа му паднаа на ум во првите пет минути по прочитувањето на белешката; но сега, кога имаше време да размислува, тој ги разгледа еден по еден, како да поставува редица инструменти на маса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најважно од сѐ беше веднаш да прозбори, пред некој да дојде, но сега го обзеде ужасен страв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Јас не сакав да ви го кажам ова што сега ќе ви го кажам, бидејќи знам дека тоа ќе ве ужаси, но сега сум принудена да ви го кажам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никогаш во животот не сакав да пијам лекарства за смирување, но сега морав.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, со носењето на ЗРО (2005) интересно е тоа што, повторно, се враќаат правата на неизбраните кандидати кои конкурирале за одредено работно место, но сега со значајни рестрикции во однос на првичниот ЗРО (1993), кој изречно го предвидуваше и правото на тужба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
ЉУБА: А, твојата уметност! Твојата уметност... Најнапред јас навистина мислев дека ти си прекрасен, изразит, скапоцен камен, но сега знам колку ти вредиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но сега нема каде. Ќе го фаќа црниот петел, бидејќи треба да се отсрами со нешто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама издржа... – Но сега се на удар неговите браќа, нивните семејства!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но сега беа други времиња. Друга нафака, како што велеше Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но сега е зима, те чув. Бескрајна зима.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Е, колку нѐ изврте човеков, токму како јагула, никако да дојде до вистинското прашање што му го постави секретарот за јагулите, за рибјите патеки, за да му се спаселе јагулите, - повторно коментираше Јагулче Дримски, но сега нечујно, онака за себе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа беше богато, полно крстосување, вистинска радост. Но сега веќе не можеше да лета ноќе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој и така беше лут на Бошка Манева, но сега, откако чу дека омразата ги фатила и децата, се дојадоса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прв кај кого би отишол беше Ангеле, но сега не смееше ни да помисли на него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Луман продолжи но сега потивко: - Не плаши се.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но сега, тазе бистроок, расеано застанувам на балконската врата и безволно си се тешам што темнината сепак не била бескрајна.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Преку процесот познат како „обезграничување“, функциите на границите сѐ повеќе навлегуваат длабоко во територијата, сѐ подалеку од границите на територијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како последица на развојот на технологиите за надзор, „границите сега постојат на друго место... на места кои традиционално им припаѓаа на суверените држави, но сега се трансформирани за да им овозможат на владите надвор од своите географски граници да го проверуваат личниот идентитет и да го следат движењето на луѓето пред тоа движење воопшто и да се случи“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Екологист, економист, астролог, астроном, сѐ исто ми е - сѐ по некоја буква различна и толку! - тетка Марија се насмеа толку слатко што големиот стомак и се затресе горе-долу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На првиот кат имале гостински тоалет, но сега почнале да го реновираат затоа што не бил доволно чист и среден за да се употребува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Може да биде шаховска па дури и билјард маса. Но сега е најобична зелена пинг-понг маса.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Можеби подоцна менингитис, физометра, менопауза, рак на дојка... Можеби подоцна, но сега...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Но сега, без Татко, натажената мајка, колку и да се бореше ѝ остануваше верна во читањето, библиотеката тивко замираше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во просторијата се појави Иле Маленко – Брзакот, онаков каков што сите го знаеја, но сега со рацете на грбот, во лисици, со изразито набрано чело и оѕверен поглед; подзастана, брзо подпогледна в лево и в десно и, бидејќи во недоумица, не се помрдна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затоа следниот ден излезе пак да го чека истоименикот, но сега не седна на талпата пред продавницата туку на еден камен веднаш зад аголот пред уличката во којашто се наоѓаше неговата куќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)