Зашто, сѐ можеше да се изврти онака, како со Благуна Јанческа, и од едната несреќа да се умножат две, три, па и многу несреќи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но тогаш, до крајот на последната Голема војна, е, тогаш никој не можеше да прави што ќе му текне, како ќе му пофати срцето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И најпрво кога ги фрлија свитоците на клада - по нив се фрлив и јас за да ги спасам.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Но тогаш одново патријархот извика анатема! Анатема!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Но тогаш мајка му запали едно парче свеќа и седнаа на подот да играат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Само тогаш, според Кабалата, може да постои надежта за реинкарнација, да се пресоздаде животот низ проигрувањето на 22-те букви, но тогаш може да се создаде и Минотаур кој се наоѓа во дното на лавиринтот на зборовите...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но тогаш пееше и други револуционерни песни кои никогаш не ги заборави и чии рефрени ги потпевнуваше, посебно песната A las baricadas, кога му беше тешко во животот, особено кога беше сам во ќелијата на Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но тогаш играта имаше друг тек, а и разговорот имаше друг карактер. Беше тивок, смирен, доверлив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Рака на срце во војната имавме другарки во панталони, но тогаш такво беше времето. - Ги прераскажуваше зборовите на командирот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Андон, ќе ја земеше ќерка му за снаа, но тогаш тој ќе си го дадеше и коњот и ќе останеше сам со сонливото куче што ноќе се дави во кашлица.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но тогаш почнуваа и нашите маки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но тогаш Кејтен на масата имаше прилика и лично да го види побелениот мустаќ на Јосиф и дури сега ништо не можеше да го запре.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но тогаш тато рече: - Чекајте сега!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Но тогаш се појави Милан Бабиќ. Настапи како искусна медиска ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Ех, - чинеше Бошко, но тогаш Луман му згрме: - Верувај, оти ќе се каеш!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Но тогаш”, воскликна тој, „би ти се вплеткувале во косите!“ „Оф!” извика таа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)