Сѐ добро испадна со мојата болест, а чувствувам дека ти повеќе не ме сакаш, можеби е друга во прашање, но што и да е не се измачувај“.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Жеравите бегаат од студ, тоа значи дека денес, утре снегот може да престане, но што потоа?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Може да рекол нешто, вели, но што можел пијан човек?!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но што да правам со спиењето: само што си се завиткал и шпиончето ќе се јави: — Рацете горе, извади ги рацете!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ај, тогаш може да беше детинска симпатија; нешто што брзо се врзува и брзо се кине, но што е ова што ми се прави сега? А и Михајло Горачинов...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но што да се прави со очајната непостојаност на народот?!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но што вреди: во најмачните моменти кога војниците го решетаа училиштето со куршуми, жена ми го молеше бога за спас; го молеше да се смилостиви и да ни помогне; но ете што стори тој господ: ме остави и без неа и без детето, пуст и чемерен довек...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но што вреди што им верував? Што се обвистини од она што пишува во нив?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
– Внатре, браќа, внатре – викаше поп Јаков и му подаваше грб на Димитрија кој сакаше да го прескокне ѕидот и да му влезе на кадијата. Но што стана.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но што да ви правиме ако не верувате дека е токму ваков?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
„Каде е Мила?” – прашувавме тогаш, но што станало со неа разбравме подоцна или – никогаш не разбравме вистински.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но што стана понатаму? Еве што стана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Нешто ѝ се случило, но што - не умеам да погодам. Сепак си мислам: „Можеби Билјана добила единица, па затоа молчи...“
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)