- Веднаш, веднаш, - рече Љаке и, потсетен дека се задржал повеќе одошто треба, тргна да си оди кон шаторот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во Амстердам извадив американска виза и отпатував во Америка порано одошто требаше.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Мрзлив, каков што го дал Господ, беше во шубе дека си отворил работа повеќе одошто треба. Реши да не му ја мисли.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А веднаш потоа уследи и објаснувањето дека овој пат се случило на објаснувањето да чека малку повеќе одошто треба!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или сите овие претпоставки беа обични самозалажувања бидејќи изгледа токму Даскалов отстојуваше овде, а јас бев оној отскитаниот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не го бев кренал погледот но бев сигурен дека Даскалов има отшетано до некој од прозорците на чардакот и го следи животот на некои од горните патишта: можеби внимава на патот на некоја птица; или облак; а можеби и на некоја одвај видлива патека по која далечниот спомен одвај се влечка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели тој често ми има зборувано за тие небесни чекори што толку убаво го познаваат јазикот на оддалечувањето?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Едното на кое кусо и јасно пишува: „Немој да дозволиш да ти се качат на глава, биди построга одошто треба“, го искинавме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа зеде тепсија и ѝ ги тури внатре колачите на Французинката, отпраќајќи ја до вратата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ооо, бонжур! - викна погласно одошто требаше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И вревата може добро да послужи за да го избркаш од себе стравот".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Затоа и зборувале толку гласно Дури и погласно одошто треба!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Драма.
Затоа пак, убиства повеќе одошто треба
добро платени сценарија
филмот (ми) се враќа назад.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Само, - му рече Најдо, - гледај за прошката да не платиш повеќе одошто треба.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)