Стариот писател го исмева подарокот, оној распослан тигар, а токму тој тигар веројатно го има поттикнато да пројава на него со посакуваната барем еднаш повеќе одошто му било пишано и тоа галопирајќи низ ноќта која веројатно му се присторила многу подолга од другите ноќи; а пројавал во овој случај без оној самар што го создала злобната шега за да го поттикне потсмевот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Патерицата беше со многу лагодна фатка, како што велеше татко ѝ кому, всушност, патерицата, кога ќе ја земеше, повеќе му тежеше одошто му служеше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)