Затоа современата левица чувствува недостаток од таква партија и сценарио какво што го покриваше тврдењето на Маркс и Енгелс дека нивната мисла е повеќе „научна“ од „утописка“ - повеќе гласот на реалноста одошто на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
И, барем да ги рашетував тие глупости онака, за себе си, само за занимација; а јас шлап! Право нему в лице!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да живееш со човек кој повеќе е на небото одошто на земјата? Нели: глупости на кубик!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Повеќе личеше на работник одошто на уметник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Никогаш не го игнорирам сомнението - и овде го прекинав мојот одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Си се препознал - го повтори своето тврдење Грофот но овој пат без да ме погледне. – Подобро е да ми веруваш мене одошто на сеништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И гледаше во ученичките, онака како што маж гледа на жена; не ги сакаше машките, и редовно им ставаше пониски оценки одошто на женските.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)