Тој тука се враќа во подамнешното минато, и за чудо, задлабочувајќи се во него, одново почнува да го чувствува лекото, прозрачно присуство на Бога. Како дете му се чинеше дека шекина12 ја чувствува посилно одошто другите ученици во верското училиште во родниот град.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Рабинот му беше учител и кога ќе се наведнеше над него со зажарените очи и моќната сиво-бела рабинска брада што погледната оздола, личеше на градоносен облак, Цви Корец се чувствуваше мал и безначаен како да се отворила Книгата и тој да стои пред самиот реб Моше спуштен од Синајската гора или пред Јаков, таткото на Израилот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)