Откако заврши баењето, Матновидецот му препорача на Здравко да дојде уште на два исцелителни третмана и срцето ќе му биде здраво ко коњ за трки.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Откако заврши погребот, нападите во куќата уште повеќе се засилија. Не се бираше ни место, ни време.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
З.З., откако заврши со неколку констатации за идните археолошки истражувања, повика да му се постават евентуални прашања.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Догодина Ели ќе ја запишеме во забавиште, - рече Вера откако завршивме со ручекот, па ја погали по косата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Потоа, откако заврши војната, гробиштата ги пренесоа на источниот крај од градот, во Усје.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Откако заврши, Рена извади чинија со домашна алва обликувана со лажица и ја постави на масата, пред Јаков.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го известуваше Фарук Кадуми, најверојатно за преговорите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но откако завршив со своето кажување и му ги предадов акредитивните писма, министерот Есебси ја прочита нивната содржина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За светите книги со кои ја минавме границата. За молитвата која ја шепотевме во тишината на ноќта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако завршив Махмуд Дарвиш загледан кон другиот брег на Езерото, тивко се огласи: Луѓето се убедени дека кога пеам за својата мајка, јас пеам за Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Арафат го крева маслиновото гранче на мирот, а ја спушта пушката! - ги коментирав зборовите на Кадуми, откако заврши разговорот со Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако заврши со читањето, се збогуваше и си замина со толкава потиштеност во душата, сосема невообичаена за добронамерник како него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)