Само куќата на Бојана остануваше секогаш тажна и мрачна, оти, откако замина Крстан, таа виде само еднаш радосен зрак, но и тој зрак брзо згасна, затоа тагата сега беше уште поголема.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Откако замина тој, тие стоеја таму како мртви, без да мисли некој на нив.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По враќањето Којо Пипиле зеде куче за да му прави друштво, да не е сам, зашто и тој немаше никој дома: татко му умре пред да замине, а мајка му откако замина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
XVIII По неколку дена откако замина пратеникот на Кралската влада, во манастирот стаса пратеникот на Албанската влада да ѝ го пренесе на Комисијата ставот на својата влада.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ми беше жал за Земанек, за сѐ што му се случи откако заминав; но од друга страна и го мразев, оти поинакво лице покажа по моето заминување.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Татко ми е одамна починат (почина по два месеца откако заминав, затоа што не можеше да се соочи со тоа дека син му е циркузант), мајка ми почива до него од пред некоја година, а брат ми е сметководител во една мала фирма, неженет, и сосема пристојно заработува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Ги испратив децата први, - му рече дедо Димо на доктор Коста, кој откако замина џипот се појави некаде од длабочината на коријата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој ништо не знаеше за него откако заминаа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Откако замина, ја прашав сестра ми која е жената? Библиотекарката, рече таа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Треба да се смисли што се случувало откако заминаа, како го нашле, со какви почести го закопале.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Палестинците на кои им се придружив во толпата во париската болница, каде што неговото срце ги одбројуваше последните отчукувања, велеа дека во секого од нас остана нешто од Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше и остана татко на една цела клучна фаза од палестинската историја. Палестинците не му рекоа збогум на минатото откако замина Арафат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На учење и не мислевме, откако замина учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А откако замина брат ѝ, Васе се допре до неа и ѝ рече: - Што врескаш? Тебе ли те удри?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
X Откако замина учителот, најтешки денови доживеја тетка Анѓа и Славчо. Останаа сами и без можности за живот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Најпрвин во првиот окоп бил Киро со својата кртешница, која непрестајно беше вклучена, а тој сè помалку имал муниција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Бездруго имаше два часа откако заминав и слушав како Киро дава наредби: Другари, во мојот правец одете, имам толку муниција колку да стигнете до бригадата, па тие да отворат оган за да можам јас да отстапам и да се спасам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Врвејќи низ селото, се загледуваше на сите страни за да види какви сè промени настанале во овие четириесет и пет години откако замина.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)