Во „Патувањето на крајот на ноќта“ вашиот јунак се јавува доброволно, бидејќи е привлечен со војната музика. Ма не, тоа е измислица. Дали се пријавивте од патриотски причини или откако сте почувствувале дека тоа е Ваша професија, или поради некаква наклонетост... Поради некаква наклонетост, бидејќи сум лиричар, то ест малку чукнат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
5) Напишете почеток на некој роман служејќи се со сезнајниот авторски глас, така што сезнајниот авторски глас ќе го направите јасно видлив, влегувајќи во мислите на една или повеќе личности, откако сте го препознале нивниот глас.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога точно се паѓа роденденот на почитуваниот В. Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
2) Опишете предел виден со очите на старицата чиј одвратен и неподнослив маж штотуку починал. Не споменувајте го ниту мажот ниту смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Вие разговарате со вашите размисли, и тоа негде длабоко во себе, а сосема неочекувано, можеби дури и од вратата во која ќе треба по малку време да влезете вие, се појавува жена со која се немате среќавано со години откако сте дојдени во градов, а еве сега, во последниве нколку денови, никако да ја откачите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)