откако (сврз.) - умре (гл.)

Та Илко носеше само ново откако умре Стојанка, и штом едни ќе се прокинеа, Митра ги оставаше настрана и вадеше од ковчегот други нови, што га беше донесла Стојанка, та одвај чекаше да се прибере некоја сиромашка и да ѝ го даде мажот и сета беља со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анѓа беше слабо девојче, со изнапрчени муцки, испрнати заби, бушаво. немиено откако умре мајка му, со гунчето наопаку, преврзано со црна старска шамија, та изгледаше како старица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вие мене ме знаете од Медово, ама дојден сум овде откако умре мајка ѝ на жена ми. И така ни таму ништо немав.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучед ми Методија, откако умре татко му, испофрла од дома сè што на една селска домаќинска куќа каква што беше неговата има, и ја наполни куќата со книги и семсекаков градеки џутур-мутур што во Скопје не му требал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А за тоа тој не е виновен: откако умре татко му, мајка му остана сама без ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ПРВАТА ЖЕНА: Јас мислам дека татко ми од нив имаше добиено некои пари и поддршка откако умре мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Откако умре мајка, вие сте први гости во куќава, вели Левтерија, и го врти чепот, ама не може да го одврти. Јас го оставам фенерот на земја, се наведнувам да ѝ помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)