откако (сврз.) - успее (гл.)

Замина потаму, дури откако успеа да си го придуши во себе сиот тој зоврен бес.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако успеа да се истопори на брегот од барата наречена „Езерце“, една од подебелите гуски си ги истресе перјата и сериозно се загледа во нас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Српските четници, откако успеале да поткупат некои луѓе од Тополчани и од Тројкрсти, дојдоа и во Потковицата со иста намера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вљубени во бреговите и плажите, ртовите и гребените, карпите, полуостровите и линиите на брегот, тргнавме последниот ден од рамазанот, откако успеав да го совладам егзотичниот менувач на реното, низ буганвилии и низ заслепувачката сончева светлина источно од Тангер кон карпите на ртот Спартел, кадешто Гибралтарскиот теснец се сретнува со Атлантскиот океан, а од таму покрај брегот кон југ низ со риба богатиот Асилах до од пат тргнатиот крајбрежен парк наречен Дипломатска шума, кадешто застанавме за да пливаме.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но се намерија на маж, токму на Михаила Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓутоа, сега, откако успеав да ја совладам, но не без мака оваа одбивност, јас би сакала да ви кажам дека секогаш евоцирањето на вашите родители ме исполнува со чудесност и восхит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)