откако (сврз.) - им (зам.)

Уште есента дојдоа грчките андарти (кои пред две три години ги поклопија селата: Градешница, Будимирци, Старавина, Бзовиќ и Груништа, оние каде што Толе паша собра најмногу востаници на востанието за да го брка Турчинот) на манастирот свети Илија во Мелница и ги заклаа сите петмина момци со десетгодишното дете на маѓерот Стојка, оставајќи го дедот Сталета сам во неговата кула, откако им вети дека и тој ќе се погрчи и ќе им помага во нивното „свето дело".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не се излажа; само што стигна на нивата, од кај селото се зададоа на коњи шесмината вооружени Турци, а пред нив, со пушката в скут, јаваше Мусли бег. кога стигнаа Турците на само дваесетина метри од жетварите, Дамче, откако им даде знак со рака на своите да бидат мирни но и на штрек, сам се испречи пред Турците, викна: Се лутиш, Мусли бег, су ти го удрил внукот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако им се заблагодарив на вниманието „Мерцедесот“ даде гас и се загуби во густиот вриеж на париските автомобили..
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Почекајте, - им рече на братучедите откако им го зеде запечатениот плик и се изгуби во куќата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дури откако им ја исцеди и последната капка трпение, одговори на нивната љубопитност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Да, Јирачек те чека…”, ѝ рече Ема откако им се изнарадуваа на цвеќињата грижливо негувани на верандата и, фатени за по еден прст од рацете, влегоа во пространата дневна соба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Илона не дочека Ема да заврши со кажувањето кое водеше кон констатација, таа тоа кажување го разбра како прашање и, не чекајќи ни миг, свика: “Ано, ано, ано” (Да, да, да).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури расправаа за некоја мајка и татко, дека откако им се родил синот, го дале во дом да се чува. Имале пари да платат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Рена примаше дискретна помош од татко ѝ и од мајка ѝ, особено откако им се роди синот, но со текот на времето и таа се истенчи зашто и во домот на татко ѝ се почувствува првата оскудица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откако Милка и Пелагија се одлепија една од друга, откако им се исушија солзите, оставајќи траги по нивните лица, првата можеше да го претстави своето момче и да се пофали дека оние две машки дечиња што креваат најмногу врева и од кои поголемкото е старо колку и нејзината Пеличка, се нивни, И по суратот се познава дека се наши не само по бојата! рече Милка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Хабиб Бургиба на коњ во централниот туниски плоштад Африка, мораше да одјава до крајморското гратче Ла Гулет (близу Картагина) и да се фиксира тука засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Ла Гулет, Хабиб Бургиба, јавнат на вистински бел коњ на 1955 година првпат стапна на туниско тло откако им ја донесе на Тунижаните долго посакуваната слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме Margina #32-33 [1996] | okno.mk 93 Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да дозволиме да биде било како кршена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)