Одат да ги видат Пена и Танаско и нивните пилиња оти откако тие заминаа за таму ги немаат посетено.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ме чуја никаквеците, го чуја мојот хуманитарен глас во прилог на слободата на изразувањето, но се правеа дека не ме чуја, дека јас наводно својот глас сум го кренал откако тие си ги навлекоа црните надгробни плочи. Тоа не е вистина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Третата пролет откако ги раселив глувчињата или откако тие ме населија, го сретнав првиот сосед во селото, познат сликар кој тешко продаваше од своите дела, заради што темно, сувосано лице, премачкано со боја на гареж, на дим.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)