Потребни се само неколку минути откако гостите, посетителите на градината, ќе го завршат својот оброк, па чиниите, со сиот прибор за јадење, остатоците од храната, трошките, да ги снема како да се избришани со волшебно стапче.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дени, како што реков, дваесетина години била жена на боем, па оваа оставена градина, подобро парче од градина, е некој вид омаж на тоа време; капејќи се во бањата или седејќи во еден од ’рѓосаните столови таа може да ги одмори погледот и умот од забревтаното темпо на негување на онаа другата, големата, официјална градина и од постојаното примање и гостење посетители.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)