Откако Јагулче Дримски се прослави во овие задачи во градот на истекот на реката од Езерото, локалните раководители, со согласност од погоре, му ја доверија историската улога да раководи, не само со луѓето, туку и со водите, со водите на Езерото, со водите на реката, со водите на сите притоки што се влеваа во реката и Езерото. Беше херој на суво, а не на води.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)