откако (сврз.) - негов (прид.)

Во Институтот, откако негов директор стана Андреј Георгиев, Татко често наминуваше и кога не беше повикан.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Претставата беше завршена откако неговата облека беше потполно исчистена од остатоците на јадење, а нејзиниот сопственик беше фрлен на тротоарот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Книгите го губеа поранешното значење, голем дел од нив престанаа да живеат, освен неколкуте во кои беше останала пепелта од испушените цигари врз страниците каде беше задржано Татковото фениксовско присуство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковото второ умирање настапи откако неговите книги останаа без животот што им го внесуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако неговиот пријател, еден од подобрите вокали што ги познаваше, замина да работи во фабрика за производство на капачиња за тегли во Австралија, тој почна да ги чита Петре М. Андреевски, Живко Чинго и Ацо Шопов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се сеќаваше на сите свирки што ги имале, но се сеќаваше на онаа последната, откако неговиот најдобар пријател, пејачот, му кажа дека конечно решил да оди за Австралија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Долго време откако шумарот си замина и откако неговиот џип одбрче удолу низ Рамни Ливади, старецот остана да седи замислен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од овие со задоволство ќе те помилуваме под услов веднаш со искрено срце и со вистинска вера свечено да се одречеш, да отповикаш и пред нас да ги отфрлиш споменатите заблуди и кривоверства и сите останати заблуди и кривоверства, спротивни на апостолската и католичка црква на начин и во облик што ние ќе ги пропишеме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Облечен во бела кошула, потклекна пред своите судии што се собраа додека му ја читаа пресудата: “(...) Изречуваме, изговоруваме, пресудуваме и изјавуваме дека ти, Галилеј, поради сопствените објаснувања, изречени за време на процесот, и што си ги признал, си се покажал пред овој инквизициски суд како мошне осомничен за ерес, бидејќи си застапувал учење што е погрешно и спротивно на Светото писмо, имено, дека е Сонцето центар на светот и дека не се движи од исток кон запад и дека Земјата се движи и не е центар на светот и дека е можно да се застапува и брани како веројатно некое мислење и откако неговата содржина била прогласена за спротивна на Светото писмо; и како последица на тоа си се испоставил на сите цензури и казни што светите закони и останатите општи и поединечни законодавства ги вовеле и ги утврдиле против таквите престапници.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Инаку, за твојата голема грешка, погубна заблуда и прекршок да не остане сосема неказнета, за во иднина да бидеш повоздржан и за да им бидеш опомена на другите да се воздржат од слични престапи, разгласуваме дека со јавна одлука книгата Дијалози од Галилео Галилеј се забранува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)