Една до друга тие кпекнуваа пред иконата на Богородица, ете вака се прекрстуваа, и откако трипати удираа метании, почнуваа да се молат со овие зборови: - Несквернaјa, неблазнаја, нетленнаја, пречистаја, чистаја дево, богоневесто владичице јаже Бога слова человјеком преславним Твоим рождеством... јаже ненадежних едина надежда, и боримих помошч... и приими мое, еже о скверних устен приносимое моление...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се исправив пред големата икона на Богородица, запалив свеќа и откако трипати се прекрстив со вковани очи во нејзините очи и шепотам: - Богородице живите не си ги дочувала, барем сега чувај ги нивните души...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Самопрогласената „карпа“ негова беше најмалодушниот од нив – откако трипати се откажа од Него, како што Учителот самиот предвиде, не можеше да се помири дека овој за првпат воскреснат ѝ се покажа на Магдалена, а не нему.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)