Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Првото што го слушнав, кога во еден краток момент го сретнав Котета Буџе, висок и поднаведнат, со мустаќите напред и со челото набрано од брчки како трапчиња за садење чудоцвеќе, или поточно кога мораше да се сретнеме, зашто патчето по кое двајцата бевме кинисале секој од своја страна, беше многу тесно и, откога јас му реков добарден и, не можејќи да издржам, ја спомнав и водата, тој рече:
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Многу подоцна откога јас бев кај манастирот, беше барано од некои луѓе јавно да се осудат стрелањата без суд, како што било ова овде долу, и да се кажат луѓето што ги извршиле, но не се постигна политичка согласност.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)