И во тој момент завриска така што се слушна низ целата шума, уште посилно и погласно отколку тогаш кога бегаше од синот; завриска како жив човек, во длабок страв за својот мртовечки живот; ја протресе ногата, а по лицето веќе му течеа лешински солзи, и одеднаш низ неговите неживи, заматени очи, ококорени од ужас, се искрадна сеништето на човечка свест...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Разбирам – рече помирливо мајка ми – да знаеш само колку добро те разбирам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мртовецот не стигна ни да се присобере, самоубиецот веќе беше скокнал врз него; старецот се сепна и одеднаш осети дека остар, огромен нож му влегува во градите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Многу повеќе отколку тогаш. Разбираш? Доцна беше. Како со прстенот – ѝ спомнав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го болеле очите или плачел. Со сите прсти минувал преку влажните клепки и му се чинело дека никогаш во својот живот не изговорил повеќе зборови отколку тогаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Земи го и Дмитар-Пејко. - Не ќе можам. Еден човек со четири коли - тешко е.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никогаш со повеќе живот отколку тогаш, во таа смрт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)