На едно трупче пред колибата ја остави борината да гори, па влезе во тремот, и, качувајќи се на едно малечко скаличе, кое секогаш стоеше на одредено место, симна од гредите сноп ’ржаница, ставен тука за врзување на снопје.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Плати баждар па влези. - А ако не платам?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нивните драги ликови изчезнаа во далечината, но јас сеуште со рацете мафтав, мафтав, додека не се уморив, па влегов во купето и седнав на обележеното седиште од втора класа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)