Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Земанек ја убедуваше дека е возможно и уште ѝ објаснуваше дека јас таа вечер сум ги довел девојките до ситуација да пукнат од смеење, оти сум ја споил таа акробатска способност со мојата смисла за хумор и книжевност, па сум играл една епизода од Декамерон на Бокачо, во која наивниот и глупав сопруг никако не може да се качи на скалата од таванот, за да ја фати својата жена Петрунела како со својот љубовник води љубов; а не може да ги фати, затоа што не ја потпрел скалата на ништо, па штом се качи, се занишува и веднаш стрчнува надоле, од другата страна на скалата, за да не падне.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)