Па покрај тоа што сум знаел дека постојат секакви луѓе, особено изроди, сепак сум успеал да дојдам до заклучок дека луѓето се мразат еден со друг и нормално во такви услови послабиот да носи многумина на својот грб.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)