Впрочем, ги имаше постојано, откако почна да гледа вести, и тој некако се навикна на нивната апсурдност, па повеќе не ни обрнуваше внимание кога ќе слушнеше за нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)