та (сврз.) - слезе (гл.)

Нели даде господ се прозори, та слезе долу в село да го бара Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Затоа ли јас и собира тиа лири, да ми продаваш мене суровици и песок? — грмеше Толе на сретсело и тука пред сите селани му тргна на Ѕерѕета еден куршум од својата манлихерка, та слезе со другарите дури во Сабоцко да си ја види сметката и со Етима што му ги продал пушките на Ѕерѕета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На часот на Силјана му текнало та слегол во двор и го зел ѓерданчето и го качил на куќа та го скрил во сламата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Толе ја запали и оваа Етимова кула и собра што можеше да се тера нагоре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)