та (сврз.) - треба (гл.)

Затоа, ете, го чекаат да удри оној „високион" седум и да им ги фукнат клучевите на мазите, а Мамут и компанија да им фукнат на клинците и плочите, да прошерпаат по стотина двесте денеска, оти утре е сабота, та треба да ги задоволат муштериите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На дваесеттиот километар мораа да направат кратка починка, бидејќи луѓето беа прегладнети уште во затворот, та требаше да им се даде барем по парче леб колку-толку да се закрепат за да можат да го издржат долгиот пат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја воспостави врската, нарача во недела да дојде Гуцето со леб и тутун и уште кај зајдисоице се вратија кај другарите на Сливина со добри известија: дека таму уште немало излезени потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа содржи некои формални и содржински одредувања што во тогашната Европа меѓу Maerten Van Heemskeck okno.mk | Margina #22 [1995] 9 1520-та и 1650-та требало да се земаат предвид во уметноста и литературата, за да се биде "модерен".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Толе претчувствуваше дека по нападот на Витолиште ќе тргнат потери по него, та требаше да се позасолни некаде подалеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време пристигна абер од Скопје дека го бараат пашата, а од Прилеп – го бараат кадијата, та требаше да се растури целата дружина и бунтовниците пак да ја избегнат катастрофата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)