Та кој ти дава жена за лира — две и три во Мариово?! И тоа за вдовец?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„А кој им кажа? — се праша Сулиман чауш. — Та кој друг ако не овчарот?“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Глејте да си поминиме, да го протутниме вој бел век, та кој кај кого ќе умре — не се знае Господ од луѓе скали прави, — и си замолча докрај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете ние неколку мина сме за сноп да го вадиме та кој шо има на тоа да плати!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Годините до 76-та кои со право го резервираа местото на Ворхол (и Кепот) во нашата културна историја, одамна поминаа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Низ сето тоа, Ворхол, како принцот Просперо (pros- per - на англиски значи цути, успева) во Маската на црвената смрт, се препнува пасивно во светот полн со “убавина, премногу развратен, бизарен, нешто помалку ужасен и без нешто што би предизвикало возбудлива одвратност”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дневниците се водени од Ноември 1976 до последната недела на Ворхол во фебруари 1987, давајќи детална слика за уметниковото ужасно спуштање на проклетиот терен на “Исполнети молитви” на Труман Кепот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
— Значи, немате никакви врски со нив? — пак запраша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така им предлагаше Јордан, ама Пере и Петре не му дадоа збор, та кој ги знае, таму ли преметнаа или пак ја прејдоа Црна, да го фаќаат Кожув и Пајак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нему му беше важно тоа: во затворот да владее ред и мир, та кој што сторил — ќе си најде од кадијата и ќе си отиде каде што ќе го испрати овој.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од друга страна, знаеме дека маниризмот е склон кон „отворените“ политички системи, а класицизмот кон „затворените“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Аристократската култура на Европа околу 1600-та била многу повеќе космополитска отколку раниот либерализам од времето на Волтер, “средниот” либерализам меѓу 1870 и 1914 и либерализмот по 1950-та кој се двоуми меѓу десницата и левицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)