— Ѝ се приближи та му ја стисна подадената рака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во тоа време петелот на гредата заплеска со крилјата и запеа та му ги тргаа мислите на Илка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најпосле мудурот проговори! — Што мислиш, Сефко, по оваа работа?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Прочитав, мудур ефенди, ама не ме израдува многу — му одговори кратко јузбашијата и, седнувајќи на покажаниот стол, ја извади кутијата со тутун, та му понуди на стариот Арслана.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако не а земиш ти, тој ќе и најде поарно место, токо ние родителите добро ти мислиме, та му дадоме збор — заврши Куле со советувањето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Андон провери и виде дека многу навлегле, а жицата од мадемот престанала, та му рефериса на Ѓузепо и овој дојде да се увери.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не само што го избркале туку ќеф си направиле: бидејќи било есенско време, удрило по него со скапани патлиџани и со јајца сматоци, та му ги испоганиле и мантијата и образот, и тој, кутриот, газ преку глава, гологлав побегнал од селото.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Под носот, устата никако не му се затвори, за целото време ја држеше во полунакривена насмевка, та му се гледаа забите, за чудо бели, па и добро подредени.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
– „Ами за Сивета и Чулета како веруваш, бре татко, да за мене да не веруваш му рекол Силјан и си го собул објалото од десната нога та му ја покажал ногата кај што му била заварена“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
По завршувањето на Филозофскиот факултет во Букурешт (1928-32) Сиоран ги пишува своите први филозофски текстови вклучувајќи се во „Генерацијата 27“ заедно со Елијаде, Јонеско, Вулканеску, Нојка, Цуце. 1934-та му излегува првата книга, На врвовите од очајот, барокна и експлозивна, незаобиколна и клучна за неговиот понатамошен опус.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На тоа згора, го послушал царот момчето и напраил три чардаци на едно широко место, та повикал сио град, мало - големо, да гледаат сите коа ќе му 'и дават трите вреќи со лаги момчето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа видел царот, на чудо станал како да ѝ натокмит момчето пак зајаците.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Милост, кердос имало, та му остана барем синот, неарен и сотрен од срам.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Кога тој ќе ја спуштеше раката кон ципите, та му ја тргаше велејќи: - Не!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)