Таман и така лебот ми е коа поиспрснат, та јас мисле да заплескам нежоа царевна погача во пепелта, ама лели бркаданик по ти се бендисуа тебе ..., ајде, татко, еве ти го котлето, ќе ти отса брашно, направи ти тури — борави.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Прашај а неа од каде ме познава, та јас ќе ти кажа и тебе од каде те познавам — одговори Јован Гуров од Витолишта, комшија на Митра, и му ги зеде торбите на Толета, ги внесе во кафето и истрча да ја пречека Митра.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да не фаќат теклив бегот на чифчијата, та јас оти да не кажам, рече Муарем и тргна да ги буди другите чифчии.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Беше многу висок, та јас кога носев рамни чевли едвај да мојата глава достигаше до неговите раменици.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Та јас никому нема да кажам ... – скоро со плачен глас исцимоли Мече.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
ИЛИЈА: Што ли сакаш, да се погрчам, да си ја менам народноста моја?! Та јас не се срамам од народноста моја.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Немојте, Ви се молам, та јас пред Вашиот ценет сопруг зедов обврска да се грижам за сѐ за вас, нели?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)