Отунаа во коси и бради, зовреа вошки во нечистотијата, а овие донесоа триста болести, та скоро половината население од селата изумре, а пустите куќи од ден на ден се умножуваа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И ако се наложуваше некоја да излезе, таа прво си го гаравеше лицето со саѓи, се забрадуваше со црна искината и извалкана шамија, но и така ретко да беше спасена од срамот и нападите на аскерите, кои гледаа да дојдат до жена, та убава лоша, млада стара, немаше значење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)