Ако го втасаш, не да го лажиш та после „ќе гледаме, ќе правиме".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Со пресек, со пресек да биде, та после ние селцки ќе видиме кој колку ќе тури, според тоа и ќе плати!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само ти смести и Толевци во племната на Бурлиата за некој час и друг, дури да се истребат агите, та после ќе бркаме работа. — А ти кај ќе одиш?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе правам и тој добро тебе, та после колни Адема ага ако сакаш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да повечераме, та после ќе си одиме во сламата на гумното и ќе лафеме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тешко да го кандисаш да рече, та после илјадници да го одвраќаат не го гази зборот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Војвода да бидиш сака првен ти да а кладиш главата в торба, та после другите да и поведиш по тебе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Барем Мариово ќе ни биде сигурно кога ќе дојде до борба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве шо: јас сега ќе запала цигара (оти на човек без цигара ноќно време патролата не му викаше ни да застане, ами веднаш стрелаше на него, сметајќи го за комита) и ќе слеза до Мачкарови, та ќе му кажа на муљазимот дека на бичкијата дојде Толе Паша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Токо пушчи му го ним в'кот, шо сториа ќе најдат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, во онаа јама каде што се убија двајцата, ќе има за растребување, та после ќе можеш внатре — одговори Ѓузепо и му даде број на Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
ВАСИЛКА: (во чудо). Вистина?!... Та после?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сака ли Бошко и Дико да испадне како против власта и против својот побратим Лумана та после наместо еден двајца да страдаат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Та после ми падна жал и почнав да плачам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но Мил им велеше на луѓето: - Не голтајте апчиња, зашто ќе станете имуни, та после ништо не ќе ве заспива.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)